Џемил Чичек е реизбран за претседател на турскиот парламент

Од:

Кандидатот на турската владеачка Партија на правдата и развојот Џемил Чичек е реизбран за претседател на турскиот парламент, соопштуваат турските весници.

Чичек е избран во третиот круг од гласањето со 229 гласа „за“ од вкупно 447 валидни гласови.

Другите двајца кандидати за функцијата беа пратеникот на Партијата на националистичката акција Фарук Бал и народниот претставник Осман Корутурк од Народнорепубликанската партија.

За избирот на кандидат во третиот круг од гласањето, согласно Уставот, неопходно е просто мнозинство.

Корутурк во третиот круг освои 109 гласа „за“, а Бал 47 гласа. Во изјавата по изборот Чичек посочи дека пред народот презел ветувања за изготвување нов Устав и дека продолжува на своите плеќи да ја носи оваа одговорност, пишува весникот „Сабах“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски