Џафери: Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ најверојатно ќе биде на дневен ред на наредната пленарна седница

Од:

Претседателот на Собранието Талат Џаферо денеска од собраниска говорница соопшти дека предложната Резолуција од ВМРО-ДПМНЕ за евроинтеграцискиот пат на земјата и националните црвени линии е примена во Парламентот и дека најверојатно материјалите за неа ќе бидат испратени до пратениците и таа би можела да се најде на дневен ред на наредната седница.

-Резолуцијата е примена во Собранието и е во изготвување да се распредели до сите пратеници. Согласно Деловникот, за актите за коишто не се распределени до пратениците не може да се отпочне собраниска постапка. Се надевам дека до наредната седница ќе биде спремен целиот материјал. Не е започната законската постапка за соодветниот документ, рече Џафери одговарајќи на процедуралната забелешка на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кој на почетокот на 46. седница побара Резолуцијата да биде ставена на дневен ред.

Мицевски рече дека во јавноста имало голем интерес за овој документ.

-Оваа резолуција која што предизвика голема заинтересираност на македонска јавноста и можност да продискутираме во македонското Сонбрание во контекст на блокадите на европските интеграции. Оваа Резолуција е добар документ затоа што би имала обврзувачко дејство согласно волјата на пратениците, а за Владата би значело оцртување на лошите рамки во коишто таа смее да разговара но со почитување на црвените линии во кои се содржани националните и државните интереси, рече тој.

Собранието на Република Северна Македонија во рамки на 46. седница ги изгласа Законот за ратификација на Спогодбата меѓу Република Северна Македонија и Грузија за укинување на визи, Предлог на закон за изменување на Законот за социјалната заштита, во второ читање, како и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба, во прво читање.

Седницата продолжи по точките од дневен ред на 45. седница, односно за измените на Законот за ДДВ, односно за намалување на ДДВ за електричната енергија од 18 на 5 проценти.

Би можело да ве интересира

Усвоена Резолуцијата за „црвените линии“ во преговорите со Бугарија, разговорите со Софија ќе продолжат откако ќе се формира влада

Ана Ололовска

Усвоена Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ, прифатенo барањето на СДСМ за „Северна Македонија“

Ана Ололовска

Митрески: За јазикот и идентитетот нема преговори, поднесовме амандман за резолуцијата да биде уставна

Ана Ололовска

Муцунски: Целото општество е подготвено за итен почеток на пристапните преговори со ЕУ ако процесот се заснова на почитување на меѓународното право и европските вредности

Ана Ололовска

На собраниска седница Предлог- резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за „црвените линии“ во разговорите со Бугарија

Ана Ололовска

И ДУИ ќе ја поддржи резолуцијата за „црвените линии“ само ако во неа пишува „Северна Македонија“

Ана Ололовска