Металург поразен од Карабах

Од:

Македонскиот вицепрвак Металург попладнево загуби со 1:0 од Карабах во првиот дуел од 1.коло во квалификациите за Лига Европа.

Иако „Металурзите“ најавуваа реванш за елиминацијата пред три години од денешниот противник тоа не се случи, барем не на арената „Филип Втори“ во Скопје.

Гостите од Азербејџан заслужено остварија предност пред реваншот на нивниот терен во Баку закажан за 11 јули.

Победничкиот гол Карабах го постигна по акцијата на двајцата Бразилци во нивните редови во 65.минута кога Рејналдо го совлада младиот Андреа Ефремов, најдобриот поединец во составот од „Автокоманда“.

И македонскиот претставник имаше неколку шанси за гол од кои две посериозни, но еднаш беше погодена гредата, а еднаш неспретно реагираше Чурлинов.

Останува Металург да чека нова шанса за прва победа на европска сцена. Во досегашните девет меча во евро-куповите „зелените“ немаат ниту еден триумф.

Би можело да ве интересира

Норвешки клуб мораше да помине 220 метри со автобус до европскиот натпревар поради едно бизарно правило

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Фергусон: Секако дека се плашам од тоа

Предраг Петровиќ

Нова катастрофа за Динамо: Ги „казни“ последнопласираниот Славен

Предраг Петровиќ

Платини предложи револуционерна промена во фудбалот: Бројот на играчи да се намали од 11 на 10

Предраг Петровиќ

„Не победивте поради вас, туку затоа што јас наместив

Предраг Петровиќ