Ердоган го потврди ветувањето за продолжување на мировниот процес за курдскиот конфликт

Од:

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган денеска ја потврди својата воља за продолжување на владиниот процес за мирно решавање на курдскиот конфликт, и покрај инцидентите кои се случија во петокот во југоисточниот дел на земјата.


– Ништо не може да се попречи на нашиот пат. Мировниот процес ќе продолжи. Овој проблем не датира од вчера и бара многу работа и трпение, истакна Ердоган во изјава пред парламентарната група на Партијата на правдата и развојот.


Кон крајот на минатата недела избувнаа судири меѓу полицијата и курдски демонстранти во југоисточниот дел на Анадолија поради смртта на еден млад Курд, кој учествувал заедно со уште 300 лица во протест поради изградба на нова полициска станица.


Демонстрантите, кои се собраа по повик на прокурдската Партија за мир и демократија, побараа од Анкара преземање мерки за поддршка на курдското малцинство.


Ердоган во својата изјава го поврза овој инцидент со желбата на бунтовниците од Курдската работничка партија да ја зачуваат контролата врз шверцот со дрога, за да ги финансираат своите активности.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски