Ниско буџетниот индиски авиопревозник ГоЕр во иднина ќе вработува само стјуардеси, а не и стјуарти, и на тој начин планира да заштеди пари на гориво.
ГоАир тврди дека авион со исклучиво женски персонал може да и заштеди до 330.000 фунти годишно, затоа што тие се полесни од машките посади.
Компанијата нема да ги отпушти 132-те стјуарти кои во моментов работат за неа, но ќе престане да ги вработува.
Компанијата проценува дека секој половина килограм тежина ја зголемува цената на летењето за 1.7 пени по час.