Институтот „Pasteur de Lille“ ја оцени ефикасноста на прочистувачите на воздух на „Daikin“ против респираторни вируси

Од:

Брисел, XX јули 2021 година – Реномираната француска лабораторија, Институтот „Pasteur de Lille“ од тестовите донесе заклучок дека асортиманот на прочистувачи на воздух на „Daikin“ отстранува над 99,98 % од хуманиот коронавирус HCoV-229E за 2,5 минути*.

Според тестирањата извршени во лабораториите на Институтот „Pasteur de Lille“, прочистувачите на воздух на „Daikin“ отстрануваат над 99,98 % од хуманиот коронавирус HCoV-229E за 2,5 минути. Вирусот потекнува од исто семејство како SARS-CoV-2, коронавирусот кој ја предизвика пандемијата КОВИД-19.

Единиците исто така биле оценети како 99,93 % ефикасни против H1N1 вирусот за 2,5 минути. H1N1е вирусот што предизвикува обичен грип.

Ова значи дека прочистувачите на воздух на „Daikin“ претставуваат дополнителна мерка во борбата против респираторните болести. Компактниот прочистувач што работи веднаш штом се вклучи може силно да придонесе за намалување на ризикот од пренесување респираторен вирус.

Ова признание е пресвртница во планот на „Daikin“ да стане главен играч во индустријата на прочистувачи на воздух во Европа, Блискиот Исток и Африка.

Тестирана ефикасност против коронавирус

Како специјалист за управување со квалитетот на воздухот, „Daikin“ смета дека нивна мисија е да обезбедат иновативни решенија, а прочистувачи на воздух продава повеќе од 45 години. Прочистувачите на воздух на „Daikin“ и патентираната технологија за прочистување воздух којашто се применува и во друга нивна опрема, веќе одамна ја докажаа својата ефикасност против загадување на воздухот, како и сезонскиот полен и вирусите.

За да се зајакне тврдењето за ефикасноста на нивната технологија, „Daikin Europe N.V.“ го довери тестирањето на својот асортиман прочистувачи на воздух на француската лабораторија во Институтот „Pasteur de Lille“. Сега е официјално докажано дека моделите на „Daikin“ отстрануваат над 99,98 % од хуманиот коронавирус HCoV-229E за 2,5 минути. Ова е навистина значајно достигнување.

Институтот „Pasteur de Lille“ изврши тестирања со вирусот HCoV-229E, што пак, е коронавирус којшто е тесно поврзан со SARS-CoV-2. Од безбедносни причини, не е користен самиот SARS-CoV-2 вирус. Самиот факт што обата вируси се од исто семејство е силен показател дека прочистувачите на воздух на „Daikin“ се важно оружје за намалување на ризикот од пренос на вирусот, и помагаат во борбата против пандемијата КОВИД-19.

Ефикасноста на прочистувачите на воздух на „Daikin“ се постигнува преку комбинација на електростатски ХЕПА филтер со високи перформанси, кој го заробува вирусот, а ова е проследено со интензивно изложување на патентираната технологија Flash Streamer на „Daikin“, којашто го елиминира вирусот.

Институтот исто така ги тестираше прочистувачите на воздух за ефикасност против H1N1, вирусот кој го предизвикува сезонскиот грип. Под истите услови на тестирање, Институтот „Pasteur de Lille“ од неговото истражување заклучи дека прочистувачите на воздух на „Daikin“ отстрануваат над 99,93 % од вирусот H1N1 за 2,5 минути. Ова покажува дека овие единици се исто така многу ефикасни во борбата против грипот.

Прочистувањето на воздухот и проветрувањето се клучни за здраво внатрешно опкружување

Прочистувачите на воздух на „Daikin“ го прочистуваат воздухот во затворени простории, така што тој циркулира низ единицата и минува низ мноштво филтри и технологии за прочистување. Единиците обично се користат во станбени услови, мали канцеларии, малопродажни објекти, училници, медицински чекални и докторски ординации. Протокот на воздух кај еден прочистувач на воздух на „Daikin“ е околу 330 m3/час. Ова значи дека волуменот на воздухот во просечна просторија минува низ единицата повеќе пати на час.

Г. Оливие Луминати, проект менаџер за вентилација и прочистување на воздух, којшто тесно соработуваше со Институтот „Pasteur de Lille“ на проектот за тестирање на „Daikin“ вели: „Резултатите од тестовите се сјајна вест за општеството. Токму во моментот кога сите се подготвуваат за враќање во канцеларија и нормален живот, ние можеме да создадеме услови тоа да се одвива на побезбеден начин. Посветеноста на компанијата „Daikin“ кон здраво внатрешно опкружување резултираше во широко портфолио на производи за филтрирање и прочистување воздух. Овие технологии ги користиме во нашите решенија за климатизација, греење и вентилација, како за мали, така и за големи објекти. Главно, можеме да помогнеме сите што имаат потреба за чист и свеж воздух во затворен простор да го најдат вистинското решение“.

Квалитетот на воздухот во затворените простории има големо влијание врз перформансите и благосостојбата на луѓето. Постојат многу фактори што влијаат врз квалитетот на воздухот, како што се PM2.5 честичките, алергените, влажноста на воздухот и така натаму. „Daikin“ веќе одамна го препозна овој предизвик и во 1975 година во Јапонија го лансираше својот прв прочистувач на воздух. Г-дин Антони Диму, генерален менаџер на деловната активност на „Daikin“ во Европа, Блискиот Исток и Африка (ЕМЕА): „Добиените резултати од Институтот „Pasteur de Lille“ се чекор напред за нас и за општеството. Верувам дека „Daikin“ може да стане референтна компанија за управување со квалитетот на воздухот во затворени простории во ЕМЕА регионот“.

Детални резултати од тестирањето според тип на „Daikin“ прочистувач на воздух:

Уредот „Daikin“ MCK55WVM (комерцијално име MCK55W), кој го тестираше Институтот „Pasteur de Lille“, отстранува 99,996 % од хуманиот коронавирус HCoV-229E за 2,5 минути при „турбо“ брзина во лабораториски услови (непропусна комора со внатрешен волумен од 0,47 m3, без обновување на воздухот). Хуманиот коронавирус HCoV-229E е различен од вирусот одговорен за КОВИД-19, SARS-CoV-2, но припаѓа на исто семејство коронавируси.“

Уредот „Daikin“ MC55WVM (комерцијални имиња MC55W/VB), кој го тестираше Институтот „Pasteur de Lille“, отстранува 99,98 % од хуманиот коронавирус HCoV-229E за 2,5 минути при „турбо“ брзина во лабораториски услови (непропусна комора со внатрешен волумен од 1,4 m3, без обновување на воздухот). Хуманиот коронавирус HCoV-229E е различен од вирусот одговорен за Ковид-19, SARS-CoV-2, но припаѓа на исто семејство коронавируси.“

Уредот „Daikin“ MCK55WVM (комерцијално име MCK55W), кој го тестираше Институтот „Pasteur de Lille“, отстранува 99,986 % од поттипот H1N1 на вирусот на грип А за 2,5 минути при „турбо“ брзина во лабораториски услови (непропусна комора со внатрешен волумен од 0,47 m3, без обновување на воздухот).

Уредот „Daikin“ MC55WVM (комерцијални имиња MC55W/VB), кој го тестираше Институтот „Pasteur de Lille“, отстранува 99,93 % од поттипот H1N1 на вирусот на грип А за 2,5 минути при „турбо“ брзина во лабораториски услови (непропусна комора со внатрешен волумен од 0,47 m3, без обновување на воздухот).“

За повеќе информации, посетете ја страницата:

Иновации на „Daikin“ за квалитет на воздух во затворени простории:

https://www.daikin.eu/en_us/about/daikin-innovations/indoor-air-quality.html

Страница на производ за прочистување воздух на „Daikin“:

https://www.daikin.eu/en_us/solutions/for-your-home/air-purification.html 

Информации за технологијата „Flash Streamer“ на „Daikin“:

https://www.daikin.eu/en_us/about/daikin-innovations/indoor-air-quality/for-your-home/daikin-streamer-research-institute/streamer-technology.html

Веб-локација на Институтот „Pasteur de Lille“: www.pasteur-lille.fr

За „Daikin“

Се грижиме за воздухот. Ги користиме нашето долгогодишно искуство во климатизацијата и страста кон иновативните технологии за да го направиме најдобар воздухот што го дишеме. А тоа сакаме да го направиме водејќи грижа за животната средина и заштитувајќи ги идните генерации. „Daikin“ има за цел до 2050 година да биде јаглеродно неутрална компанија во сите свои активности, производи и решенија што ги продава. Тоа е нашата мисија во „Daikin“.

„Daikin Europe N.V.“

„Daikin Europe N.V.“ е подружница на „Daikin Industries Ltd.“ и е голем европски производител на уреди за климатизација, топлински пумпи, прочистувачи на воздух и опрема за ладење, со приближно 13.000 вработени низ 24 филијали во ЕМЕА. Има 14 големи објекти за производство во Белгија, Чешка Република, Германија, Италија, Шпанија, Турција, Австрија и Обединетото Кралство. Седиштата на Групацијата „Daikin Europe“ се во Белгија, со канцеларии во Остенде, Гент и Брисел. Компанијата е основана во 1973 година. „Daikin“ има 2.171 вработен на белгиска територија.

Лидер на пазарот за технологија на топлински пумпи во Европа

Со над 90 години искуство во индустријата за греење и климатизација, „Daikin“ е лидер на пазарот во технологијата на топлински пумпи. Компанијата е добро позната по „Daikin VRV“ за комерцијална примена, како и „Daikin Altherma“ серијата за приватна примена на греењето. Над 85 % од уредите за европскиот пазар се произведуваат и во Европа.

Добавувач на целосни решенија за HVAC и ладење

Широкото портфолио на производи на „Daikin“ овозможува прилагодени решенија за сите потреби на клиентите поврзани со греење, вентилација, климатизација, прочистување воздух и ладење. Во последниве години, „Daikin“ го надополни своето портфолио на производи и значително го прошири своето присуство на пазарот во Европа во областа за технологија на топлински пумпи, како и во комерцијалното и индустриското ладење. Во 2016 година, „Daikin Europe N.V.“ го купи „Zanotti S.p.A.“, италијански производител на индустриско и транспортно ладење. Во февруари 2018 година, „Tewis Smart Systems S.L.“ се приклучи на групацијата. „Tewis“ е една од водечките компании во Шпанија за стандардизирани решенија за ладење коишто се прилагодени за клиентите, вклучувајќи решенија за CO2. На почетокот на 2019 година, „Daikin Europe N.V.“ ја купи австриската компанија за ладење „AHT“.

За „Daikin Industries Ltd.“

„Daikin Industries Ltd.“ со седиште во Осака, Јапонија, има околу 80.000 вработени ширум светот и во финансиската 2020 година (април 20 – март 21 година) оствари продажба од околу 18,45 милијарди евра. Компанијата е глобален лидер на пазарот за топлински пумпи и системи за климатизација, како и филтрација на воздухот. „Daikin Industries Ltd.“ е единствениот производител на уреди климатизација во светот, којшто ги развива и произведува сите важни компоненти како што се разладни средства, компресори и електроника.

Повеќе информации може да најдете на www.daikin.eu и на www.daikin.com.

Контакт со медиуми

Софи Сап – Деловна комуникација со „Daikin Europe“

T.:  +32 472 580482 Адреса на е-пошта: [email protected]

ПР текст

Би можело да ве интересира

Новата Daikin Perfera – парапетна единица за беспрекорен домашен амбиент

Жарко Настоски

Чист воздух! Инвестирајте во поздрава иднина на вашите деца

Ана Ололовска