Јапонската влада создава база на податоци за здравјето на населението

Од:

Јапонската влада ќе создаде база на податоци за заразни болести, почнувајќи од собирање податоци од 10.000 пациенти со Ковид-19, за да им помогне на компаниите и универзитетите во развојот на лекувањето среде пандемија.

Како дел од проектот, прво ќе бидат собрани примероци од крв и плунка, како и евиденција за третманот на пациентите.

Околу 50 медицински установи се очекува да се приклучат на проектот, а со базата на податоци ќе управуваат организации вклучувајќи го Националниот центар за глобално здравје и медицина, Националниот институт за инфективни болести и Универзитетот во Токио, соопштија владини претставници.

Ватару Сугиора, лекар во Националниот центар за глобално здравје и медицина, рече дека е многу важно државата да го преземе водството во продолжување на работата со базата на податоци на населението поради национална безбедност.

Сугиора додаде дека исто така е потребно да се негуваат луѓе кои можат да спроведат истражувања користејќи ги собраните податоци.

Би можело да ве интересира

Трамп: Постигнат голем напредок во преговорите со Јапонија

Јапонија изгуби рекордни 900.000 жители за една година

Горан Наумовски

Кјодо: Најмалку 47 лица повредени во судир на два туристички автобуси

Јапонски осуденик на смрт ослободен по 46 години

Напаѓач избоде неколку луѓе на железничка станица во Јапонија

Возилото во кое се наоѓаше јапонскиот премиер удри во полициско возило

А1он