Трето Алтернативно и културно-забавно лето во Охрид

Од:

Во организација на Културолошката иницијатива „5 до 12“ во Охрид денеска почнува третото Алтернативно и културно-забавно лето.

Манифестацијата ќе понуди десетина интересни настани, со учество на млади креативни лица, спој на традиционалното и урбаното, витраж од сите видови уметност, спортот, забавата и уживањето.

На атрактивни локации во периодот до 26 август низ градот и долж крајбрежјето ќе се одржат концерти, скејт-натпревар, театарски претстави, стендап-настапи, поетски вечери, едриличарска регата, како и тридневно летно кино со автомобили.

Целта на алтернативната културна манифестација е промоција на млади артисти и поттикнување на младите да почнат да се занимаваат со уметност и спорт.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање