Стотина граѓани се собраа денеска пред Парламентот на Босна и Херцеговина со цел да го изразат своето незадоволство од „неработењето на домашните политичари“.
Протестите, според законската обврска, биле претходно најавени, а полицијата се солидаризира со граѓаните и не се очекува нивна интервенција.
Под слоганот „Отказ 01.07“ граѓаните протестираат поради неусвојувањето на Законот за Единствен матичен број на граѓаните (ЕМБГ) на ниво на државата, бидејќи на масовните протести на 11 јуни граѓаните им дадоа рок на одговорните до 30 јуни да го усвојат законот.
Организаторите ги повикаа сите граѓани на БиХ на бојкот на 1 јули за да им дадат „отказ“ на политичарите, како и денеска да не купуваат ништо освен леб.
„Сите нивни години се неработни“, „Отказ!“, „ЕМБГ“, „Отказ 01.07“ се дел од транспарентите со кои граѓаните им упатуваат порака на политичарите дека им е доста од неработење.