Миланов: Измената на обвинението за „27 април“ е триумф за нас, она што се тврдеше дека го сториле сега го нема

Од:

Адвокатот Еленко Миланов смета дека измената на обвинителниот акт е триумф за одбраната. Според него, сега Миле Јанакиески и Спиро Ристовски не се товарат за организирање на партиски структури, туку за организирање на пратеници, без да се каже кој пратеник на кој начин е организиран. Обвинителката Вилма Русковска, по судењето, кажа дека обвинението е променето поради недостаток на докази. Миланов, кој ги застапува Јанакиески, Ристовски и Трајко Вељановски посочи дека се товарат за организирање на протести до 28 март, кога во Собранието не се спречувало ништо.

„Измената на обвинителниот акт сметам дека е само пораз за истрагата на Обвинителството и сето она што го правела до отпочнување на главната расправа. Одбраната со своите докази успеа да докаже дека оние дејствија кои што им ги ставаа на товар се до сега, за кои наводно ги сториле, а со тоа и ова кривично дело – паднаа во вода. Сите тие пропаднаа и затоа сега Обвинителството оди со сосема нови дејствија за кои одбраната досега ниту се произнела, ниту во тој дел понудила свои докази. Затоа сметам дека до овој момент е триумф на одбраната, со тоа што, она што се тврдеше дека е сторено, не постои во диспозитивот на обвинителниот акт. Сега, имаме сосема нови дејствија. Организирање на протести заклучно со 28 март или на еден ден од отпочнувањето на расправата по третата точка. Кој до тогаш, до тој момент, било што спречуваше во Собранието? Дејствијата ако беа дека досега ги организирале партиските структури, Миле и Спиро, сега е дека организирале пратеници. Кој пратеник на кој начин го организирал? Во делот на насилство и организација на насилство во Собрание, освен некој си план, не ги товари Трајко, Миле и Спиро. На кој начин е сторено терористичко загрозување? Со насилство или со уметници на протести? Тоа е суштинската измена во обвинителниот акт“, рече Миланов.

Обвинителката Вилма Русковска, прашана зошто Елизабета Канческа-Милевска не е опфатена со обвинителниот акт, кога разменувала пораки со Миле Јанакиески кои се доказ дека обвинетиот организирал протести, таа кажа дека за поранешната министерка немало докази дека направила нешто друго, освен ангажирањето на уметници.

„Не е комплетно изменето обвинението. Има измена во дејствијата на обвинетите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски. Тие измени се направија бидејќи произлегоа од одбраната на обвинетите. Обвинителството има неспорни докази дека тие од првиот момент се едни од главните организатори на протестите на ‘За заедничка Македонија’. Не знам и стварно не ми е јасно зошто одбраната бараше одлагање на завршените зборови. Материјалните докази, СМС-пораките беа сите изведени. Бидејќи немаме материјален доказ за тоа, се направија измените. Само во однос на организирање на протестите. За Елизабета Канческа-Милевска нема обвинение зошто немавме докази дека освен ангажирање на уметници и познати личности, направила било што друго, конкретно. И Кирил Божиновски го споменав. Но, освен тоа, немавме други докази за нешто поконкретно“, рече Русковска по рочиштето.

Би можело да ве интересира

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

Судењето за „Организатори на 27 април“ одложено за 30 април

Судењето за „Организатори на 27 април“ одложено за 30 јануари, се чека мислење од Врховен за Законот за амнестија

Горан Наумовски

Кривичен суд ги отфрли како неосновани барањата за амнестија за случајот „Организатори на 27 април”

Мисајловски: Одлуката од Стразбур за Елена Доцевска Божиновска е победа на правда, а пораз за власта

ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката на Стразбур е доказ дека 27 април беше политички процес кој имаше за цел притисок врз опозицијата и обезбедување гласови за уставни измени