Абхиманју Мишра со 12 година стана најмладиот велемајстор во историјата на шахот

Од:

Американскиот шахист Абхиманју Мишра стана најмладиот велемајстор во историјата на шахот. Тој ја освои титулата на возраст од 12 години, 4 месеци и 25 дена.

Вчера, на турнирот „Везеркепжо ГМ Микс“ во Будимпешта, Мишра ја освои последната, трета норма за титулата велемајстор. Тој исто така ја надмина потребната бариера за рејтинг поени од 2500 ЕЛО.

Тој го сруши рекордот на Русинот Сергеј Карјакин стар 19 години. Карјакин стана велемајстор на 12 август 2002 година на возраст од 12 години и седум месеци.

Мишра (роден на 5 февруари 2009 година) е индиско-американски шаховски вундеркинд од Њу Џерси. Уште на 7,5 години го собори рекордот на Шаховската федерација на САД за најмлад Експерт заработувајќи рејтинг 2000. Потоа, тој го сруши рекордот на САД во шах за најмлад Национален мајстор заработувајќи рејтинг 2200 – на возраст од 9 години, 2 месеци и 17 дена. Го држи и светскиот рекорд за најмлад Интернационален мајстор, титула која ја заработи во ноември 2019 година на возраст од 10 години, 9 месеци и 20 дена. ФИДЕ му ја додели титулата во февруари 2020 година.

Би можело да ве интересира

Високите амбиции го враќаат шаховскиот клуб АЛКАЛОИД повторно во борба за европскиот клупски трон

ВИДЕО: Русинка ја отру противничката на шаховски турнир, надзорните камери снимија се

Титулата е одбранета: Шахистите на Алкалоид повторно до шампионскиот наслов!

Горан Наумовски

Шаховската сезона продолжува со отворените првенства на Македонија – ИМ Панчевски и ИМ Коскоска се први носители

ШК Алкалоид со нови медали на младинските првенства, промовиран и ШК Мулти Есенс

Предраг Петровиќ

Полски шахист одби да се ракува со рускиот велемајстор, кој е жесток поддржувач на Владимир Путин

Предраг Петровиќ