Свеченост по повод 250-годишнината од раѓањето на Кирил Пејчиновиќ- Тетоец

Од:

Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи денеска пред Музејот на тетовскиот крај ќе организира свеченост по повод 250-годишнината од раѓањето на просветителот, народниот учител и игумен на Лешочкиот манастир Кирил Пејчиновиќ- Тетоец.

– Кирил Пејчиновиќ Тетоец е голема личност во македонската национална историја, неговото дело е првиот зрак на надеж после еден долг и темен период. Неговиот лик и дело особено се врежани во колективната меморија на населението од тетовскиот крај каде е роден и творел просветителот. Настанот ќе биде одлична можност да се потсетиме на неговиот голем придонес и да изразиме почит, соопштија од Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи.

Од Комисијата информираат дека по свечената академија, ќе биде отворена и изложба на избор на портрети на македонскиот академски сликар Павле Кузмановски.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање