Почина Доналд Рамсфелд, десната рака на Буш и идеологот на војната против ал-Каеда

Од:

Поранешниот американски секретар за одбрана, Доналд Рамсфелд, почина денеска во својот дом во државата Њу Мексико, десет дена пред неговиот 89-ти роденден, објави неговото семејство. Тој беше роден на 9 јули 1932 година во Чикаго.

Рамсфелд беше секретар за одбрана на САД во време на претседателот Џералд Форд (1975-1977), но многу повеќе внимание предизвика со својот втор мандат на позицијата, кога претседател беше Џорџ В. Буш (2001-2006), за време на војните во Авганистан и Ирак.

„Со длабока тага ја споделуваме веста за смртта на Доналд Рамсфелд, американски државник и посветен сопруг, татко, дедо и прадедо. Со 88 години, тој беше опкружен со семејството во својот сакан Таос, во Њу Мексико,“ пишува во изјавата од семејството на Рамсфелд.

Тој имаше репутација на вешт бирократ, но и на визионер на модерната американска војска, пишува Асошиејтед Прес. Рамсфелд беше идеологот на американската „војна против теророт“, која беше прогласена по нападите врз кулите-близначки во Њујорк во 2001 година, како и архитект на воените интервенции на САД во Ирак и Авганистан, кои завршија речиси неславно, без особени резултати и со конечно повлекување на американската војска од двете земји.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“