Претседателот на Србија Александар Вучиќ во телевизиско интервју изјави дека иницијативата „мини Шенген“, во која Србија е со Северна Македонија и Албанија, ќе го смени името на самитот во Скопје, што ќе се одржи на 28 и 29 јули.
– Кога ќе разбереме дека сме на европски пат, но дека сами можеме да сториме повеќе во моментов, да создадеме доверба и ако успееме да склучиме три договори до 29 јули, сите наши капацитети ќе бидат поголеми – рече Вучиќ, додавајќи дека ваквата соработка не е замена за европската интеграцијата на било која земја.
Тој оцени дека овој проект е многу важен како идеја за иднината, затоа што ќе им овозможи капацитети на сите кои учествуваат во тоа.
Александар Вучиќ изјави и дека влезот на Србија во Европската унија не зависи само од Србите, додавајќи дека во Унијата има заситеност од проширувањето.
– Во ЕУ не постои желба за проширување. Ќе сториме сè, постигнавме напредок во владеењето на правото, бевме конструктивни во разговорите со Приштина, и добивме ли нешто- не. Постои политичко заситување со проширувањето кон ЕУ – вели Вучиќ.