Против компанија на Трамп може да бидат подигнати криминални обвиненија во Њујорк

Од:

Обвинителите во Менхетен информираа една од компаниите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп дека наскоро може да биде поднесена кривична пријава против неа во врска со долготрајната истрага на неговите деловни случаи, објави Њујорк Тајмс.

Повикувајќи се на извори запознати со ова прашање, весникот наведува дека Trump Organization може да биде обвинета веќе следната недела за бонуси што им ги дава компанијата на нејзините директори, како што се употреба на станови, автомобили и школување.

Адвокатот на компанијата, Рон Фискети, за Ен-Би-Си Њуз потврди дека адвокатите на Trump Organization во четвртокот имале виртуелен состанок со обвинителите за да разговараат за случајот. Тој ги опиша обвинувањата како „недолични“ и рече дека компанијата веднаш ќе поднесе предлог за отфрлање на наводите.

Би можело да ве интересира

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари

Трамп: Нетанјаху сигурно знаел дека ќе има напад на 7 октомври

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп