Параглајдинг натпревар „Маврово Опен 2021″

Од:

Во Маврово викендов се одржува традиционалниот параглајдинг натпревар „Маврово Опен 2021″. Оваа година натпреварот има поголемо значење бидејќи е дел од Евро Куп серијалот кој се одржува на пет локации во светот вклучувајќи го и Маврово. На терените кај жичарите прецизно ќе слетуваат пилоти на параглајдер од Блаканот и од цела Европа, соопшти Воздухопловна Федерација на Македонија.

Организатори на настанот се параглајдинг клуб Кондор од Гостивар и Воздухопловна Федерација на Македонија со поддршка на Агенцијата за млади и спорт.

Организаторите упатуваат повик до граѓаните да дојдат утре да уживаат во техниката на параглајдеристите и во убавините на Маврово.
Овој викенд е исто така значаен бидејќи Воздухопловната федерација денеска во Маврово ќе ја формира првата Комисија за жени во спорт во историјата на воздухопловството. Формирањето на комисијата е реализирано со поддршка на Агенција за млади и спорт и Влада на РСМ.

Во комисијата ќе членуваат воздухопловки од различни спортови (падобранство, параглајдинг, моделарство, авијатика, едриличарство) кои ќе се ангажираат за доброто на жените во спортот.

Би можело да ве интересира

Падобрански куп во прецизно слетување „Скопје 2020“

Ана Ололовска

Крушево ќе добие 4,2 милона денари за реконструкција на полетуваиштето за параглајдерство на Мечкин Камен

Ана Ололовска

Меѓународен параглајдинг натпревар овие три дена на Попова Шапка

Ана Ололовска

Крушево домаќин на ФАИ Светско првенство во параглајдерство

Ана Ололовска

Крушево со многу параглајдеристи од Европа, во тек е Крушево Озон опен

Ана Ололовска

Започна Пролетниот параглајдинг куп Крушево 2019