Еден полицаец загина, а 13 се повредени во судир со екстремисти во населбата Харсеној во Шатојскиот регион во Чеченија, соопшти регионалното Министерство за внатрешни работи.
Шестмина од полицајците се здобиле со прострелни рани од среден степен, но сите повредени се надвор од животна опасност.
Полицајците се судриле со припадниците на паравоените формации за време на специјална операција.
Безбедносните сили се ангажирани во потера по членовите на „криминалното подземје“ во тешко достапниот планински предел на Чеченија.