Измамамен старец во Теарце, му платиле со фалсификувана банкнота

Од:

Непознато лице на возраст помеѓу 40 и 50 години вчера го измамила 75-годишниот А.Ј. од Теарце, плаќајќи му за домашна ракија со фалсификувани евра.

Како што информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски непознатиот околу пладне дошол во куќата на А.Ј. за да купи пет литри домашна ракија.

Откако му ја подготвил ракијата непознатото лице му платило со банкнота од 500 евра, при што А.Ј. како кусур му вратил 120 евра и 12 илјади денари.

Непознатиот ја оставил ракијата кај А.Ј. и рекол дека ќе се врати откако ќе заврши други работи. Бидејќи  по подолго време непознатиот не дошол да ја земе ракијата А.Ј. отишол во најблиската продавница каде му било кажано дека банкнотата е фалсификувана.

Тој го пријавил случајот во полиција од каде ја зеле банкнотата за вештачење и се работи на откривање на сторителот.

Пред два дена на идентичен начин со фалсификувана банкнота од 500 евра бил измамен и повозрасен жител на гостиварско Зубовце од кого исто така непознат човек сакал да купи домашна ракија.

Би можело да ве интересира

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски

Лувр е повторно отворен

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он