Поранешниот службник за цивилни прашања и политички советник на Унпрофор Дејвид Харланд на судењето на Ратко Младиќ во Хаг, изјави дека муслиманската влада во Босна во 1993 година ја спречила евакуацијата од Сребреница.
Тој кажа дека во архивите на унпрофор постои документ кој покажува дека Унпрофор во пролетта 1993 година предложил евакуација на цивилите од Сребреница која дури и почнала но владата на БиХ ја стопирала.
„И тогашниот претседател на БиХ, Алија Изетбеговиќ ми потврди дека иницијативата е спречена“, рече сведокот на вкрстеното испитување во Хаг.
Тој призна дека во демилитизираните зони во Сребреница и Жепа имало оружје и војска, и дека Унпрофор бил известен за нападите на муслиманските сили во тоа подрачје, но доказите за убиство на Срби рече тој, беа ограничени.
Зборувајќи за ситуацијата во Сараево, каде бил распореден во јуни 1993 година Харланд оцени дека Србите „можеле да применат многу поголем притисок од тој што го направиле“.
„Ако го направеа тоа, можеше да дојде до ситуација да падне одбраната на градот“, изјави Харланд .
Опишувајќи ја ситуацијата во Сараево, харланд наведе дека валдеела атмосфера на страв и безнадежност, а моралот бил на ниско ниво и имало дезертирања.
Тој потврди дека Муслиманите свесно предизвикувале прекин на гас и струја во Сараево, но и тоа дека со снајпери гаѓале свои луѓе кои ги поправале водоводите и прикажувале дека тоа го прават Србите за да добијат меѓународна помош.
„Некои од босанската страна сметаа дека некои од потезите ќе помогнат за да се предизвика западна воена интервенција. Изетбеговиќ лично ми кажа дека на луѓето не смее да им се дозволи да излезат од Сараево“, рече Харланд.