ЛШ во ракомет: Барселона преку Нант на Лазаров до финале против Алборг

Од:

Во финалето на годинешното издание на ракометната Лига на шампиони (ЛШ) утре во Келн ќе играат Барселона и Алборг, откако шпанскиот тим со 31:26 го совлада француски Нант, додека данската екипа приреди изненадување, совладувајќи го ПСЖ со 35:33.

Првото денешно полуфинале на фајнлфорот во Келн заврши со сензационална победа на „данските тинејџери“ над ракометниот гигант од Париз, додека во второто полуфинале фаворизираната Барселона го скрши отпорот на Нант, во чиј редови македонскиот капитен и селектор Кирил Лазаров натпреварот го заврши со два гола зад своето име.

Деветкратниот европски првак Барселона в недела ќе го игра своето 15, а Алборг своето прво финале.

Би можело да ве интересира

Вујовиќ: Ова ќе биде натпревар кој и тие и ние мораме да го добиеме

Ана Ололовска

Вујовиќ: Повторно бевме блиску, а останавме без поени

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар не е оној од шампионските денови, но мораме да ја прекинеме серијата порази

Ана Ололовска

Вујовиќ: Грешките во вториот дел нè чинеа пораз

Ана Ололовска

Вардар против Кил во обид да ја прекине мини-серијата порази во ЛШ

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар е фаворит против Монпелје

Ана Ололовска