Вчера, во времето од 09,30 до 14,30 часот, во Скопје на бул. „Јане Сандански“, непознат сторител со употреба на погоден предмет извршил тешка кражба во станот на Љ.Д.(54), од каде одзел околу 10.000 евра и разновиден златен накит, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 780.000 денари. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.