Индија: Невеста починала на свадбата, младоженецот уште веднаш се оженил за сестра ѝ

Од:

Една жена во Индија починала од срцев удар за време на сопствената свадба, а сватовите донеле одлука младоженецот веднаш да се венча за нејзината сестра, по што прославата продолжила, јави агенцијата ИАНС.

Младата жена, која е идентификувана само по името Сурби, доживеала срцев удар за време на свеченостите по повод нејзината венчавка, во градот Етавах. Таа колабирала додека траела церемонијата, по што веднаш бил повикан лекар. Но, тој можел само да ја констатира смртта.

Во бизарен пресврт на приказната, двете семејства потоа седнале да се договорат, при што одлучиле свадбата да продолжи, а наместо починатата Сурби, улогата на невеста веднаш да ја преземе нејзината сестра, Ниша.

Телото на Сурби е пренесено во соседната просторија, а подоцна е кремирано, се вели во извештајот за несекојдневната, морбидна свадба.

Според братот на починатата, одлуката да се продолжи со прославата била тешка.

„Не знаевме што да правиме во таа ситуација. Семејствата седнаа да се договорат, а некој предложи нашата помлада сестра Ниша да се омажи за младоженецот, со што сите се согласија“, изјави тој за ИАНС.

Би можело да ве интересира

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати