Трикови против непријатниот мирис на потта

Од:

Потењето е нормална и здрава појава, но понекогаш може да ни предизвика проблеми и да не доведе во непријатна ситуација.

Иако постојат козметички препарати кои ефикасно ги спречуваат непријатните мириси понекогаш тоа не е доволно и потребно е да се обрати внимание на дневните навики.

Редовната дневна хигиена која вклучува туширање и нанесување дезодоранси е најдобар начин за спречување на непријатниот мирис на потта. Но доколкусо тоа не може да се спречи непријатниот мирис, тогаш обидете се да примените некои од овие совети:

– Редовно отстранување на влакненцата под пазувите на кои се собираат дополнителни бактерии.

– Јадете помалку месо, посебно црвено и избегнувајте брза и многу зачинета храна.

– Избегнувајте алкохол и производи кои влијаат на мирисот на потта, како што се кромидот и лукот.

– Носете исклучително светла облека од природни материјали.

– Дневно пијте по половина литар или еден литар чај од жалфија, бидејќи тој ефикасно го намалува потењето.

– Еднаш или повеќе пати неделно направете купка и во неа додајте еден филџан јаболков оцет.

– Физичките активности предизвикуваат зајакнато потење, но на тој начин се отфрлаат токсините од телото, па потта во комбинација со дневната хигиена нема да има толку силен непријатен мирис.

– Избегнувајте конзумирање на премногу ладни и топли пијалоци, бидејќи тие предизвикуваат зголемено потење.

Би можело да ве интересира

Необични стандарди за женската убавина ширум Азија

Ана Ололовска

Третманите со пијавици се уште популарни во Русија

Ана Ололовска

Женската убавина пред 100 години

Ана Ололовска

Дваесет земји во кои живеат најубавите девојки

Ана Ололовска

ФОТО: Има 70 години, а изгледа двојно помладо

Ана Ололовска

ФОТО: Бизарни и болни начини за разубавување на старите холивудски диви

Ана Ололовска