„Струмица град на културата 2021“ продолжува со промоции и изложба

Од:

Љубителите на пишаниот збор и ликовната уметност денеска ќе можат да присуствуваат на промоцијата на книгата „Зборовите на тишината“ од Александра Атанасова и да ја погледнат нејзината изложба на ликовни творби во Домот на АРМ во Струмица.

Вечер ќе бидат промовирани и музејскиот водич за деца ,,Патување низ минатото” и проектот „Наколна населба во Дојран“, кои ќе се одржат во објектот на некогашната „Турска пошта“ во Струмица.

Настаните за овој месец завршуваат со изложба насловена „Цвеќе-2021“ и доделување награди по распишаниот ликовен конкурс по повод Републичките детски средби за оваа година на 31 мај.

Во програмата на „Струмица град на културата 2021“ се планирани над 150 настани, кои ќе се реализираат во соработка со Домот за деца и млади „Благој Јанков Мучето”, Градската библиотека „Благој Јанков Мучето”, НУ „Завод и Музеј Струмица“, НУЦК „Антон Панов“ и здруженија на граѓани.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање