Почнува 11. Филозофски филмски фестивал

Од:

Со џез концерт на отворено и еден од најголемите класици на немиот филм „Толпата“ (THE CROWD) вечерва, со почеток од 20 часот, во летното кино „Мирно лето“, стартува 11-тото издание на Филозофскиот филмски фестивал.

-Вљубениците на добриот звук ќе имаат можност, од 20 часот, да уживаат во музичкиот перформанс на YORDAN KOSTOV QUINTET, маркантна и сонично флуентна екипа на млади, но беспрекорно талентирани музичари, велат организаторите.

Тие појаснуваат дека Јордан Костов е светски реномиран, македонски џез хармоникаш и мулти-инструменталист, кој со неговиот квинтет во кој партиципираат Андреа Мирческа, Филип Букршлиев, Дамјан Грујо и Драган Теодосие, поголемиот дел од времето го минува патувајќи, компонирајќи и соработувајќи со голем број музичари од светот.

По музичкиот перформанс, кој свечено ќе го одбележи отворањето на Фестивалот, следува и стартот на Ревијалната програма: Филм-Филозофија со проекцијата на ремек-делото „Толпата“ (THE CROWD) на Кинг Видор од 1928-та година.

– На рефлексија кон маестралното дело, посетителите ќе ги испровоцира проф. д-р Доминик Шато (Dominique Chateau) од Франција, кој ќе има онлајн излагање со анализа на филмот по проекцијата. Проф. д-р Доминик Шато (Dominique Chateau) е професор емеритус на Сорбона во Париз, чии потесни подрачја на истражување и интерес се естетиката, семиотиката, филозофијата на уметноста и медија студиите, особено филмот. Неговото учество се реализира во соработка со Францускиот институт во Скопје, информираат од Филозофскиот филмски фестивал.

Фестивалот ќе се одржи со почитување на мерките за заштита.

Би можело да ве интересира

Преполно на отворањето на Филозофскиот филмски фестивал, вечерва проекција на „Кралевите на светот“ и „Туки Буки“

Ана Ололовска

Со доделување на наградите „Златен був“ ќе се затвори 11. Филозофски филмски фестивал

Ана Ололовска

Втор ден од 11. Филозофски филмски фестивал

Ана Ололовска

Заврши онлајн програмата на Филозофскиот филмски фестивал

Ана Ололовска

Со онлајн концерт и две проекции завршува 10. Филозофски филмски фестивал

Ана Ололовска

Вебинар: Ковид-19 и состојбите во филмскиот сектор во Северна Македонија

Ана Ололовска