Непознат сторител вчера, во времето од 13:00 до 17:00 часот, во село Србиново-гостиварско, преку отворен прозор влегол во куќата на Ѓ.И.(48) и извршил тешка кражба, од каде одзеле златен накит, во вредност од околу 900.000 денари.
Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за откривање на сторителот.