Актерот Раде Шербеџија и Западни колодвор бенд, вечер во античкиот локалитет Хераклеа ќе го отворат најновото издание на културната манифестација „БитФест“ кое годинава нуди рекорден број на културни содржини.
Од секторот за односи со јавност на општина Битола информираат дека до 24 август кога „БитФест“ завршува, на повеќе локации во градот ќе се одржат 242 културни настани и манифестации.
Во програмата на „БитФест 2013“ ќе бидат реазлизирани 22 концерти на класична музика, 11 настани со етнолошка содржина, 17 театарски претстави, 15 настани посветени на филмот, фестивали, речиси секој втор ден по еден рок или поп концерт, модни ревии, литературни оставрувања, изложби, какои специјални програми за деца.
Општина Битола годинашното културно лето го организира во соработка со националните установи во овој град, односно Завод и Музеј, Центар за култура, Народен Театар, Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“, со поддршка на поединци и групи од областа на културата и здруженија на граѓани, како и во соработка со други институции од државата и странство бидејќи во Битола се очекуваат и гости од европските и прекуокенските држави.