Ќе врне до утре попладне, викендов многу потопло

Од:

До крајот на денот и утре претпладне ќе се задржи променливо облачно време со услови за локални врнежи од дожд претежно во северните делови. Ќе дува и умерен до засилен ветер.

Управата за хидрометеоролошки работи попладнево соопшти дека во Скопската контлина и во централните делови од земјава било нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од западен и северозападен правец.

До 17 часот наврнати се 10 литри на метар квадратен во Ѓуриште, пет во Штип, четири во Берово, три во Виница, два на Зајчев Рид во Скопје и во Демир Капија и еден литар во Маврово и Лазарополе.

Веќе од утре попладне се очекува намалување на облачноста. Ќе дува засилен ветер од северозападен и северен правец, кој особено ќе биде изразен во поширокото Повардарие, каде ќе достигнува брзина и над 70 км/час. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната од 15 до 22 степена.

Во Скопје утре слично време со минимална температура до 9 и максимална до 20 степени.

Од сабота, синоптичарите најавуваат стабилно, сончево и значително потопло време со слаб до умерен јужен ветер.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со локален дожд и грмежи

А1он

Попладне нестабилно со дожд

Предраг Петровиќ

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за нестабилно време

Катерина Ѓуровски

Сончево и топло со локална облачност

Многу топло и денеска и во следните денови

Многу топло цела седмица, повторно температури до 40 степени