Претстојниот викенд на програмата 52. ИКАС

Од:

Традиционален меѓународен Илинденски кајак слалом „ИКАС 2021“ ќе се одржи на 22 и 23 мај, соопшти Кајакарската федерација на Македонија. По минатогодишното откажување поради пандемијата на коронавирус, годинава ИКАС ќе го има своето 52-ро издание.

Во спортско рекреативниот центар Матка крај Скопје, покрај македонските кајакари се очекува да настапат и натпреварувачи од Србија, Босна и Херцеговина, Грција, Хрватска и Турција.

– Имајќи ја предвид моменталната состојбата со пандемијата на Ковид 19 на светско ниво и различните мерки за справување со пандемијата коишто ги преземаат државите ширум Европа, оваа година имаме добиено 30-35 пријави на натпреварувачи од горенаведените земји, а некои од пријавените натпреварувачи беа финалисти на последното 51-во издание на ИКАС 2019 година.

Во текот на целиот настан, кој е една од најстарите спортски манифестации во нашата земја, ќе се почитуваат протоколите за заштита од Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Отворен куп во кајак на диви води – слалом на реката Вардар кај Демир Капија

Во Велес кајак слалом на диви води „Илинден Опен 2019“

ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на диви води викендов на Матка

Ана Ололовска

Скопје од утре домаќин на Европското првенство во кајак спуст

Ана Ололовска

На „Матка“ викендов јубилеен 50. ИКАС

Ана Ололовска

„Матка“ подготвена за јубилејното 50. издание на ИКАС

Ана Ололовска