Кумановскиот центар за култура со иницијатива до младите

Од:

Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ поведе иницијатива и ги покани младите активистите, уметници да се пријават и со логистика на националната установа да се презентираат проектите пред јавноста, соопштија денеска надлежните од центарот.

– Одлучивме да поведеме „културна иницијатива“ ги покануваме младите кои имаат афинитет кон уметноста да дојдат, да поразговараме да понудат идеја, ние ќе понудиме логистика, луѓе, опрема сè што можеме пред платото да организираме културни настани во текот на летото, изјави директорот на установата, Сашо Тодоровски.

Младите кои нудат креативни идеи, изложби, промоции на книги, поезија, театарски претстави, сè од уметноста што може да се презентира на отворено ќе добијат поддршка од НУЦК „Трајко Прокопиев“ во презентација и организација на активностите со што ќе се збогати понудата од културни настани во Куманово.

На овој начин, сметаат одговорните од Центарот за култура, и младите ќе добијат можност да се презентираат пред јавноста, а кумановци ќе имаат можност на отворено да проследат културни настани за време на летниот период.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат