Новиот гувернер на Луксор и член на исламистичката партија поврзана со масакрот на туристи од крајот на 90-тите години, Адел Хајат само една недела по именувањето на функцијата поднесе оставка по негодувањата во јавноста. Јавноста беше огорчена поради негово именување на таа функција.
Хајат во своето кратко обраќање до јавноста рече дека одлучил да поднесе оставка затоа што сака да го сопре крвопролевањето помеѓу оние кое што се за тоа тој да ја обавува функцијата гувернер на Луксор и оние што се против.
Тој е член на египетската партија за изградба и развој „политички раце“, на Џам Исламиј, група која минатиот век започна вооружен бунт против власта, напаѓајќи ја полицијата, Коптите и туристи, наведе „Асошиејтед прес“.
Истата група е обвинета дека во 1997 година во Луксор изврши убиство на 58 туристи, а потоа се откажа од насилството.
Пред четири дена египетскиот министер за туризам, Хешам Зазу поднесе оставка , поради именувањето на Хајат за гувернер, со образложение дека новиот гувернер ќе им нанесе штета на египетскиот туризам, а особено на Луксор.
Именувањето на Хајат за гувернер на Луксор предизвика гнев кај туристичките работници и граѓани на древниот египетски град.
Елена Георгиевска