Легендарниот американски производители на мотоцикли, „Харли-Дејвидсон“ го претстави првиот модел на електричен мотор, кој целосно ќе биде дело на дизајнерите и механичарите на компанијата. Според најавите, овој потег треба да помогне да се прошири базата на купувачи на младите генерации.
Потполно електричниот модел „Лајв вајр“ е чекор кон „предводење и дефинирање на пазарот“ на електрични возила кое го планира компанијата, рече извршниот директор, Јохан Цајц.
Името „Лајв вајр“ е поврзано со првиот модел на електричен мотоцикл кој „Харли-Дејвидсон“ го претстави во 2019 година, а тој беше конструиран заедно со јапонскиот електронски гигант „Панасоник“.
„Харли-Дејвидсон“ со години има проблеми да ја сочува продажбата на своите мотоцикли и да ги привлече младите купувачи, држејќи се до традицијата, старомодниот дизајн и бучните и моќни мотори кои со децении беа заштитен знак на компанијата.