Припадници на сепаратистичката Курдска работничка партија (ПКК) киданпирале двајца градежи инженери, кои биле ангажирани на изградба на каменолом во округот Битлис во југоисточна Турција.
Како што соопштија денеска локалните власти, двајца вооружени курдски бунтовници дошле на градилиштето во близина на селото Јоренлик и под закана со оружје ги принудиле инженерите да влезат во еден автомобил, со кој заминале во непознат правец.
Во соопштението се наведува дека во тек е полициска истрага за случајот.