Настрада 61-годишниот Јордан С. од Струмица утринава додека ловел риби во водите на браната „Водоча“. Според полицискиот извештај околу пет часот и триесет минути тој се лизнал на брегот, паднал во водата и се удавил.
Екипа на струмичката против пожарната едница во Струмица го извадила телото на починатиот од водите во два часа подоцна по што телото е предадено на семејството.