Жените постојано се трудат да изгледаат помладо, но притоа не внимаваат на малите работи кои го имаат спротивен ефект врз нив. Пушењето, нездравата исхрана, недостатокот од овошје и зеленчук, користењето на солариум, недостигот од физичка активност и стресот прави жените да изгледаат најмалку десетина година постаро.
– Иако се претпоставува дека за се е виновна генетиката, сепак животниот стил игра голема улога во забрзаното стареење. Неверојатно, но околу 35 отсто од жените кои беа вклучени во студијата водат нездрав животи и со тоа изгледаат постаро од своите врснички кои внимаваат, вели Клод Лам од Универзитетот во Берлин.
Исто така научниците откриле дека нездравиот начин на живот додава 10-тина година. Диетите и козметичките препарати не можат да го спречат стареењето. Поради тоа сменете го вашиот стил на живот и изгледајте помладо.