Канческа-Милевска во работна посета на Охрид

Од:

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска ќе оствари работна посета на Охрид, каде ќе се сретне со директорите на националните установи од областа на културата во овој град, како и со градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески.

Канческа-Милевска и Бакрачески, како што е најавено, ќе ја посетат и Куќата на Ајри Доко, лоцирана во стариот дел на градот, каде е завршена тертата фаза од конзервација на овој значаен споменик на културата, по што ќе се упатат кон Куќата на Бојаџиеви, лоцирана во непосредна близина на Античкиот театар, каде е завршена реконструкцијата на фасадата на овој автентичен примерок на стара градска охридска архитектура.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање