Вестервеле и Давутоглу во обид да ги смират тензиите меѓу Берлин и Анкара

Од:

Шефовите на дипломатиите на Германија и Турција, Гидо Вестервеле и Ахмет Давутоглу се сретнаа денеска на маргините на собирот на „Пријателите на Сирија“ во Доха, при што, како што соопшти германското Министерство за надворешни работи, разговорале во „конструктивна и пријателска атмосфера“.

Според Министерстово, тема на разговорите меѓу Вестервеле и Давутоглу било „актуелното прашање во односите на Турција со ЕУ“.

Средбата се одржа во време на зголемени тензии во односите меѓу Берлин и Анкара, Вчера, германското Министерство за надворешни работи му врачи официјален протест на турскиот амбасадор во Берлин поради изјавата на турскиот министер за ЕУ, Егемен Багиш дека германската канцеларка Ангела Меркел ја користи ситуацијата во Турција за „потребите на нејзината изборна кампања“.

Тензиите се зголемија по остратата критика што официјален Берлин ја упати на сметка на турската Влада околу односот кон учесниците во антивладините протести во земјата и по изјавата на Меркел дека е „шокирана“ од бруталноста на турската полиција.

Гневот во Анкара се зголеми и кога анонимен европски допломат соопшти дека Германија се спротивставила на отворање нова глава од преговорите со Турција за членство во ЕУ, како реакција на преголемата бруталност на полицајците кон турските демонстранти, но и на острата владина реторика кон учесниците во протестите.

Германија е единствената од големите земји во ЕУ, која заедно со Европскиот парламент остро ја осудија бруталноста на турската полиција во задушувањето на протестите.

Турција преговорите за челнство во ЕУ ги почна во 2005 година и досега ги заврши по само едно од 35-те поглавја, во најголема мерка поради спорот околу Кипар, но и поради противењето на некои европски лидери на приемот на Анкара во Унијата, меѓу кои е и Меркел. Наместо полноправно членство, Меркел предложи ЕУ на Турција да и понуди „привилегирано партнерство“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски