Доколку во телото не внесуваме доволно течности потребни за нормално функционирање, ќе дехидрираме.
Ризикот се зголемува во случај на дијареја. Посебно е опасно за постарите и оние со слаб имунолошки систем.
Во случај на блага дехидрација, примањето на течности е обично доволно за решение на проблемот. Многу подобро е да се пие почесто, а помала количина, отколку поголемо количество наеднаш. Преголем внес на течности за време на дехидрација може да предизвика повраќање.
Лекарите препорачуваат да се јават во најблиската амбуланта сите оние кај кои се манифестираат следните симптоми : постојано чувство на жед, сува и леплива уста, неможност на солзење на очите, нередовно уринирање и промена на бојата на урината во многу темна нијанса, сува кожа, несвестица и вртоглавица, постојано чувство на умор и доколку кожата после стискање не се врати во првобитната состојба.