Асим Мујезиновиќ 17 години го барал украдениот автомобил. Целата приказна започнала уште во 1996 година, кога непознат крадец му го „собрал” автомобилот од паркинг.
Автомобилот е пронајден при рутинска контрола од страна на црногорската полиција, а со него управувал човек кој не бил свесен дека купил украден автомобил.
-Иако пред 17 години го платив речиси 9.000 марки, сега вреди пет пати поналку. Среќен сум што повеќегодишната потрага доби среќен епилог. Во меѓувреме променив четири-пет возила, но за овој автомобил сум посебно врзан, изјавил Асим.
Она што е посебно занимливо е тоа што во времето кога е украден автомобилот имал поминато 137.000 километри, а сега бројачот на километражата покажува неверојатни 930.000.