„Гересхајмер“ отвори фабрика во Бунарџик, инвестиција од 25 милиони евра и 400 работни места

Од:

Германската компанија „Гересхајмер“ денеска официјално ја отвори фабрика во Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ) Скопје 2 во Бунарџик за производство на специјализирани производи од медицинско стакло и пластика.

Станува збор за инвестиција од областа на фармацевтската и здравствената индустрија во минимална вредност од 25 милиони евра во која треба да се вработат 400 лица.

-Поради ковид кризата изгубивме само околу половина година. Ве уверувам дека во следните два до три месеци ќе имаме значајно производство тука, рече Оливер Бургел, потпретседател на „Гересхајмер“.

Првиот инвестициски циклус на „Гересхајмер“ е петгодишен и започна во 2019 година, а се очекува да заврши до 2024 година со инвестиција од најмалку 25 милиони евра. Делегација на „Гересхајмер“, вчера на средба во Влада најави и втор инвестициски циклус за производство на стаклени шприцеви за медицински цели.

„Гересхајмер“ е водечки глобален партнер во фармацевтската и здравствената индустрија кој произведува специјализирани производи од медицинско стакло и пластика со годишен обрт од 1,5 милијарда евра. Како што истакна Бургел, до 2028 година планираат годишниот обрт да изнесува 3,5 милијарди евра.

На официјалното отворање на фабриката присуствуваа премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски Фатмир Битиќи, министерот за здравство Венко Филипче, како и директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ