СДСМ: 27 април е крвавиот печат на ВМРО-ДПМНЕ, нема да дозволиме никогаш повеќе да се повтори

Од:

„27 април е најцрниот датум во историјата на македонската демократија, 27 април е крвавиот печат на ВМРО-ДПМНЕ.

Вооружени насилници поттикнати од ВМРО-ДПМНЕ упаднаа во Собранието обидувајќи се да убијат пратеници, да повредат новинари и вработени во собраниските служби,да го урнат уставниот поредок и државата да ја втурнат во провалија.

Тие насилници кои беа придружувани и од Христијан Мицкоски пред македонското Собрание, не се, ниту некогаш ќе бидат уставобранители, тие се само насилници, бранители на криминалите на Никола Груевски“, велат од СДСМ.

„Денеска, четири години подоцна, наместо извинување и осуда, целата јавноста гледа како Мицкоски цврсто стои на браникот на криминалот и насилството, стои во одбрана на осудените насилници за крвавиот четврток.

Тоа покажува дека ништо не е сменето во опозициската партија, ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски е истото ВМРО-ДПМНЕ предводено Груевски. Тоа е насилничка партија, која сака одново да гази врз слободата, врз демократијата, да се пресметува со неистомисленици, да шири омраза и поделба меѓу граѓаните.

Мицкоски не е поместен ниту милиметар од режимско насилничката матрица на Груевски.

Граѓаните, јавноста тоа го знае и затоа Мицкоски, затоа што освен насилство и одбрана на криминал, не нудат ништо што е во интерес на граѓаните и државата.

СДСМ, заедно со граѓаните нема да дозволи да се заборави 27 април, нема да дозволи никогаш да се повтори“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски

СДСМ: Додека луѓе умираат од западнонилска треска – во Драчево организираат кино на отворено