(ВИДЕО) Таневски: Охрид е против насилничката матрица од 27 април, граѓаните повторно ќе ги казнат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

Од:

„Пред целата јавност вчера ВМРО-ДПМНЕ го покажа своето виситнско режимско и насилничко лице, оваа партија раководена од Будимпешта е остаток на режимската матрица која 11 година ја заробуваше државата и ги газеше граѓаните.

Вчера пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од Охирд Кирил Пецаков, Лидија Петковска и Александар Николоски застанаа цврсто против интересите на граѓаните, застанаа зад насилството.

Луѓето кои вооружени, жедни за крв упаднаа насилно во Собранието на 27 април, кои пред камери се обидоа да убијат пратеници, денеска ВМРО-ДПМНЕ ги нарекува чесни луѓе и уставобранители“, рече Лазе Таневски, пратеник на СДСМ и претседател на ОО СДСМ Охрид.

„Кога треба да се носат законите важни за граѓаните Пецаков, Петковска и Николоски блокираат, кочат, го напуштаат Собранието, но први се кога треба да се брани криминал и насилство.

Овие пратениците кога се во прашање интересите за Охирд ги нема никаде, но први се да застанат да бранат криминал и насилство.

Колегите пратеници наместо да доаѓаат во Собранието и да работат во интерес на граѓаните за тоа што се платени од нив, тие прекршувајќи ги мерките за заштита од коронавирусот, без маски, без дистанца се групираат за да покажат дека се цврсто застанати на браникот на криминалот.

Поради ваквото нивно однесување, ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори наесен ги очекува седми по ред пораз од граѓаните“, изјави Лазе Таневски, пратеник на СДСМ и претседател на ОО СДСМ Охрид.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски