„Никофон“ нема да ја гради барокната гаража кај „Аутомакедонија“, бара пет милиони евра отштета

Од:

Пет милини евра отштета ќе бара Никола Настески од „Никофон“ оти бил спречен да ја почне изградбата на барокната катна гаража на паркингот кај „Аутомакедонија“. Тој за „А1он“ вели дека нема да ја гради катната гаража и повел иницијатива за раскинување на договорот.

„Нема да градам, но ќе барам отштета од пет милиони евра. Моите досегашни трошоци беа околу 1,1 милион евра, но сега ќе барам и за неостварена добивка и камати оти освен тоа што платив за земјиштето од 2014 платени се и комуналиите за гаражата и во Град Скопје и во Општина Центар. Тужби ќе добијат и сите институции. Осум години јас не можам да почнам да градам, а три години ЈП ’Паркинзи Општина Центар’ не ми го дава владението на парцелата и покрај тоа што има судска одлука“, вели Настески за „А1он“

Тој го купи државното земјиште за изградба на барокна катна гаража во 2012 година за 170.000 евра. Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ обвини дека место по 5000 денари за квадратен метар тој платил по 1800 денари, но Обвинителството одлучи дека продажбата на земјиштето била законска.

Градоначалникот Богдановиќ, во соработка со тогашниот генерален секретар во Владата Драги Рашковски, во 2019 на „Никофон“ му понудиле и обесштетување со земјиште на друга локација, но до реализација на договорот не дошло.

Одобрението за градење на гаражата е веќе истечено оти му било издадено во 2014 година со рок од шест години. Последниот обид да почне да го гради барокниот објект беше во декември 2019 година, непосредно пред да истече рокот на одобрението за градење. Го спречија жителите од околните згради кои сакаат просторот да остане да се користи како паркинг. Тие се против какви било објекти на паркингот и протестираа уште кога се носеше планот оти воопшто не беа консултирани ниту пак Општината ги слушна нивните забелешки.

Денес Општина Центар извести дека, на иницијатива на Насетески, во јули е закажано подготвително рочиште за раскинување на договорот за продажба на државното земјиште.

Би можело да ве интересира

На почетокот на јули ќе се одржи подготвително рочиште за раскин на договорот за изградба на катна гаража кај „АвтоМакедонија“

Ана Ололовска

„Никофон“ за случајот ќе ги извести амбасадите и ЕУ, ќе ја гради барокната катна гаража

Маја Илиевска-Пачемска

Катната гаража на „Никофон“ може да се гради, Обвинителството ја отфрли кривичната пријава за продажба на државното земјиште

Ана Ололовска

Рашковски со поддршка за „Никофон“ да добие друга локација за барокната катна гаража

Маја Илиевска-Пачемска

(ВИДЕО) Богдановиќ: Да земам да се самозапалам за да реагира некој за „Никофон“

Маја Илиевска-Пачемска

Обвинителство: Центар два пати не постапува по задолженијата за катната гаража кај „Аутомакедонија“

Ана Ололовска