Вицепремиерот Бесими на конференција во Брисел

Од:

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими денеска престојува во работна посета на Брисел и се обрати на конференцијата за слободата на изразување и медиумите во Западен Балкан и Турција: „Напредок и отворени прашања“.

Конференцијата, како што информира Секретаријатот за европски прашања, е посветена на еден од главните приоритети и суштински предизвици на секоја земја, а тоа е слободата на изразување и медиумите кој претставува еден од клучните елементи на секоја демократска  и плуралистичка држава.

Посветеноста на земјите од процесот за проширување да го гарантираат ова право е клучна за нивниот напредок во процесот на пристапување.

Во своето обраќање, вицепремиерот Бесими се осврнал на прогресот на Република Македонија остварен во спроведувањето на активностите од европската агенда.

Во таа насока, Бесими истакнал дека Пристапниот дијалог овозможи де се добие нова динамика во остварувањето на реформите во петте клучни области и оти постигнатиот напредок беше соодветно нотиран во пролетниот Извештај на Европската комисија.

Вицепремиерот Бесими се осврнал на активностите преземени за адресирање на еден од клучните приоритети од Пристапниот дијалог на високо ниво, слободата на изразување и медиумите.

Во тој контекст, Бесими го подвлекол како особено значајно донесувањето на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, како и подготовката на Нацрт-законот за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги кој е во тек.

При тоа, посочил дека особено е значајно што овие процеси се одвиваат на транспарентен и инклузивен начин, преку дијалог со претставниците на медиумите и со нивен активен придонес во подготовката на законските решенија.

– Ние и понатаму остануваме посветени на исполнувањето на преземените обврски во евроинтегративниот процес, особено во делот на слободата на изразување и медиумите. Ќе продолжиме со максимален ангажман да се унапреди дијалогот со новинарите и медиумите со цел постигнување на европските стандарди и почитување на уставните одредби за гарантирање за слобода на изразување, истакнал Бесими во своето обраќање.

На конференцијата присуствуваат околу 450 учесници од меѓународни, регионални и национални организации од областа на слободата на изразување, како и новинари, медиумски аналитичари и носители на одлуки  од земјите кои се дело од процесот на проширување со цел да се дискутира за постигнувањата, отворените прашања и активностите во наредниот период.

Би можело да ве интересира

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ