Во поплавите и одроните во Индија најмалку 1.000 загинати

Од:

Во поплавите и одроните на северот на Индија најмалку 1.000 лица го загубиле животот, а индиската војска денеска ги засили напорите да дојде до луѓето во отсечените села и градови, пренесува Танјуг.

Хеликоптери и околу 10.000 војници се распоредени да се евакуираат отсечените туристи и аџии, пренесуваат агенциите.

Поплавите, предизвикани од силните монсунски дождови, во текот на викендот ја погодија хималајската држава Утараканд. Во поплавите се уништени голем број куќи, автомобили, мостови и патишта, заради што околу 65.000 лица се отсечени, главно во оддалечените хиндуистички места за аџилак.

Пратеникот Шаила Рани Рават изјави дека има дури 2.000 загинати, иако официјалните претставници не можат да ја потврдат оваа бројка.

Индискиот премијер Манмохан Синг синоќа изјави дека приоритет е да се спасат сите отсечени и да им се помогне на луѓето кои веќе се евакуирани, а кои ги има повеќе од 10.000.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Прва жртва од невремето кое ја зафати Италија

Почина брачна двојка: Спасувачите ги затекнаа прегрнати

Предраг Петровиќ

Почина бремена жена, врз неа падна дрво, најмалку 20 настрадани во поплавите во Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Исповед на Мухамед од Јабланица: Син ми одеше зад мене, наеднаш го однесе водата

Предраг Петровиќ

Најмалку 18 загинати и 40 исчезнати во БиХ, министерот: Страв и ужас

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драматична снимка од БиХ: Маж заглавен пред неговата куќа, спасувачите му фрлаат јаже