„Бела ноќ“ за почеток на летната туристичка сезона во Охрид

Од:

Летната туристичка сезона 2013 во Охрид ќе биде отворена со т.н. „Бела ноќ“, манифестација во која градот ќе живее 24 часа, концепт прифатен во многу светски туристички центри.

За туристите во текот на тие 24 часа на „Белата ноќ“ ќе бидат организирани концерти, забава во угостителските објекти, а на посебни локации занаетчиите ќе ги претставуваат своите ракотворби, како и производи карактеристични за охридскиот крај.

Охридските угостители и субјектите што се дел од туристичкиот бизнис тоа го договорија на одржаниот состанок со претставниците на Секторот за туризам и локален економски развој при општина Охрид.

Намерите на локалната самоуправа се внесување нови идеи во организирањето на туристичката сезона, а сите предлози, забелешки на туристичките работници да се согледаат токму преку за таа цел организирани средби.

На последната таква средба беа презентирани сите сегменти што ја сочинуваат севкупната туристичката понуда на општина Охрид како културното наследство, традицијата и занаетчиството, но и промоција на сегментот рурален туризам, промоција на природното наследство, езерскиот туризам и други видови алтернативни форми туризам, сето она што може и треба да биде дел од  манифестацијата „Лето 2013“.

Програмата на „Лето 2013“ е така осмислена и конципирана да ги промовира сите различни сегменти на туризмот, сето тоа проследено со соодветна медиумска кампања, со единствена цел – привлекување туристи, содржинско збогатување и временско продолжување на туристичката сезона.

„Белата ноќ“ е замислено да се одржува секоја година на почетокот на летната туристичка сезона на Охридската ривиера.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

„Бела ноќ“ во Скопје