Неколку стотици турски војници учествуваа во голема операција против наркогрупа во округот Дијарбекир во Југоисточна Турција, соопшти електронското издание „Хаберлер“.
Во операцијата, спроведена со помош на разузнавачката служба МИТ, се вклучени околу 800 војници, поддржани од воздух од два хеликоптери „Сикорски“.
Локалните власти во Дијарбекир објави дека полицијата преземала изутринава операција под наслов „Наркотероризам“ во шест села во округот. Акцијата на полицијата е насочена кон спречување производство на хашиш во областа под контрола на криминални банди, се наведува во соопштението.