ВИДЕО: Космичка опера во рамките на Баскерфест

Од:

Во рамките на Баскерфест 2013, вечер со почеток во 22 часот на плоштад Македонија, ќе се одржи мултимедијалниот перформанс “Timing Diagrams” – во изведба на двајца артисти од Љубљана – Марко Батиста (звук) и Боштјан Чадеж (визуелизации).

“Timing Diagrams” претставува мултимедијална екстраваганца – звукот и визуелните ефекти се емитираат од електронски, механички и дигитални алатки, моделирани и изработени од Марко Батиста.

– Станува збор за ултимативно доживување и оригинално дело во светски рамки, кое е спој на висока технологија и нејзина  софистицирана манипулација. Вистинско футуристичко патување. Оваа претстава го обиколи светов во изминативе две години, а во Македонија ќе се одржи прв пат, се вели во соопштението од Словенечката амбасада во Скопје.

Марко Батиста и Боштјан Чадеж се исклучителни личности, млади и талентирани, а веќе познати и докажани уметници.

Батиста, живее на релација Лондон-Љубљана и креира претстави кои ги има поставувано во сите позначајни галерии на современа уметност во регионов, а активно учествувал и на познати фестивали и биеналиња.

Чадеж е визуелен уметник, чии иновации се протегаат низ различни технолошки сфери, а посебно интересни се оние на полето на роботиката, кои ги имплементира во уметнички инсталации и перформанси.

Перформансот “Timing Diagrams” се реализира со поддршка на Амбасадата на Република Словенија, а на иницијатива на „Скопје Вавилон“ – нова форма на активизам, која обединува креативни умови и стимулира активности за одржување и унапредување на културниот живот на градот.

Би можело да ве интересира

Денеска започнува Баскерфест

Ана Ололовска

Наредните два дена „Баскерфест 2018“ на Градскиот плоштад во Охрид

Ана Ололовска

Баскерфест караванот започнува од Охрид

Ана Ололовска

13-то издание на фестивал со улични изведувачи-Баскерфест 2018

Ана Ололовска

Во Велес заврши петтиот „Баскерфест“

Ана Ололовска

Во Велес започна петтиот „Баскерфест“

Ана Ололовска