Охриѓанец наместо да добие наследство изгубил 4.500 евра

Од:

Жител на Охрид е жртва на измама преку социјалните мрежи, во обид да се стекне со фиктивно наследство изгубил 4.500 евра.

Пред два дена тој во охридската полиција пријавил измама сторена на 1 март годинава преку социјалната мрежа „Фејсбук“.

Преку порака што ја добил од профил на социјалната мрежа бил известен дека е добитник на наследство, за чие оствараување му било побарано да стапи во контакт со адвокат од Франција. Притоа добил информација дека како примател на наследството треба да уплати парични средства за на негова трансакциска сметка биде префрлено фиктивното наследство.

Оштетениот 53-годишен охриѓанец во неколку наврати лично уплатил вкупно 3.730 евра, како и 800 евра што ги уплатил негов пријател.

Би можело да ве интересира

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски

Лувр е повторно отворен

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он