Неколку илјади лица присуствуваа синоќа на концерт за поддршка за Единствeниот матичен број на граѓаните (ЕМБГ), што се одржа пред зградата на Парламентот на БиХ во Сараево, а настанот помина мирно без инциденти.
На концертот настапија познати босански музички ѕвезди, кои со своите песни му испраќаа порака на Парламентот и укажуваа на неговото неработење.
Како и на претходните собири, без разлика на масовноста, беше испратена пораката дека граѓаните нема да се откажат и ќе издржат во својата борба.
– Да не дозволиме уште едно дете да страда поради неажурноста на парламентарците. Ја имаме поддршката од странските и домашните субјекти, но само граѓаните се дел од оваа приказна, се наведува во пораката на лидерот на протестите.
На граѓаните им се обрати и таткото на бебето Берина Хамидовиќ, која поради немање Единствен матичен број не можеше да и биде изваден пасош и навреме да замине на лекување во странство, па почина од сепса во болница во Белград.
„Бејби“ протестите во Сараево започнаа на 5. јуни, а демонстрантите им поставија ултиматум на пратениците да го донесат законот за ЕМБГ до 30 јуни. [nggallery id=203]